Рецепти

Рецепт: Шпагети карбонара

Сега и вие може да уживате во оригиналниот вкус на познатите италијански шпагети карбонара.

Состојки:
– 300 гр сланина од МИЧ Челопечко
– 1 палетче шпагети
– 200 мл слатка павлака
– 3 јајца
– 150 гр пармезан
– 1 супена лажица магданос
– 150 гр исечкан лук (по желба)
– црн пипер
– масло и сол.

Подготовка:
– Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата. Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло, откако сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Кога ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја). Во смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути. Потоа, зачинете со магдонос и црн пипер.Ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот врз нив или пак можете прво да ги ставите шпагетите во чинија, а потоа да ги прелиете со сос. Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос и шери домат.