Земјоделска Задруга Единство Челопек

Земјоделската задруга Единство Челопек е една од најстарите фирми во нашата држава, формирана во далечната 1958 година и како таква постои до ден денес. Единство Челопек е формирана меѓу првите приватни задруги со основачки паричен влог и во тоа време само 3% од задругите биле приватни. 

Во 1968 година меѓу првите и поголемите инвестиции на задругата е мотелот Бриони. Со модернизирање и усовршување на мотелот 1974 година прераснува во голем угостителски центар, намемент за свадби и веселби. 

Во тоа време задругата се развивала во повеќе насоки, правела откуп на земјоделски производи и дистрибуција на истите, откуп на кравјо и овчо млеко како и производство на сирење. Како добар резултат  почнува да формира и своја продажна мрежа во мали продавници. 

Задругата продолжува да се шири со голем интензитет, навлегува во трговија со градежни производи електроматеријали и како резултат на тоа расте и бројот на вработени. 

1967 година започнува најголемата инвестиција на задругата, свињарската фарма во Челопек со капацитет за 15000 свињи. 1978 година стартува со првото производство и успешно работи се до 1993 година која започнува со драстичен пад на цената на месото и со драстичен раст на цената на житариците. Не успева да ги издржи сите економски удари и во 1995 година оди во стечај. 

Нашата приказна започнува 1998 година со откупување на нејзините долгови и започнување со нејзино комплетно рестартирање.  Се она што го гледате на нашиот сајт е резултат на нашата визија уште од 1998 година. Интензивно следење и усовршување во делот на светските технологии во земјоделството како и континуирани обуки на вработените се со цел да бидеме во чекор со светските трендови. 

ЗЗ Единство Челопек е компанија оснивана од 5 големи и 4 помали задругари. Сите брендови што произлегуваат од нашата компанија се законски основани подружници:

  1. Фарма Сувогорска – свежо свинско месо,
  2. Продавница за сточна храна Петка,
  3. Подружница мотел Бриони,
  4. Ветеринарна служба на одгледувалиште,
  5. Фабрика Нутричел за сточна храна,
  6. Мич Челопечко.