ФАБРИКА ЗА СТОЧНА ХРАНА

НУТРИЧЕЛ

Фабриката за сточна храна има производствен капацитет од 8.000 до 10.000 тони годишно. Капацитетот на складирање на суровина која се употребува за производство на храна изнесува 6.000 тони. Фабриката е примарно наменета за сопствени потреби, а во мал дел задоволува потреби и на други купувачи. Во 2008 година е целосно имплементиран HACCP стандардот за квалитет.

Фабриката е целосно автоматизирана, а приемот и складирањето на суровини кои се користат за производство на храна се вршат според дефинирани правила. Пред прием на секоја суровина истата прво се проверува за присуство на страни примеси и квалитет на зрно. Фабриката е опремена со три магнети кои се користат за детектирање на страни тела, и тоа при прием на суровина, мелење и излез на готова храна пред нејзин транспорт. Пред складирање на суровината истата поминува низ селектор кој ги отстранува примесите и низ усисни вентилатори кои ја отстрануваат прашината.

Фабриката е опремена со апаратура за сопствена контрола на квалитет на зрното со цел обезбедување безбедност и квалитет на храната.

Галерија