Кланица

МИЧ ЧЕЛОПЕЧКО

Земјоделската задруга Единство Челопек во 2016 година започна со изградба на нова инвестиција – кланица МИЧ Челопечко наменета за колење добиток. Кланицата започнува со работа во 2018 година со дневен капацитет на колење 150 свињи и 20 бикови.

Во 2018 година е инсталирана пречистителна станица со најмодерна технологија и автоматизиран процес на континуирано контролирање и целосно прочистување на отпадните води.

Во 2019-та година започнува доградба на втора фаза – зголемување на преработувачки дел за преработка на месо и месни производи со дневен капацитет од 1 тон преработено месо, тунел за мрзнење на -20°C и две комори за замрзнување на расечено свежо месо.

Во 2020 година е добиено решение за Б интегрирана еколошка дозвола и целосно се имплементира HACCP стандардот за квалитет.

Галерија