Рецепти

Рецепт: Домашно свинско суфлаки

Суфлаки е популарно јадење од грчката кујна кое се прави со свинско месо, исецкано на коцки. Се маринира во типични грчки зачини и се пече на раженчиња на скара. Се служи со лепчиња и помфрит. Ви се јаде суфлаки? Нема проблем, од сега можете и сами дома да си приготвите превкусно суфлаки!

Состојки:
– Околу 1 кг свинско месо од МИЧ Челопечко
За маринада:
– 2 лимони со средна големина
– 2 лажички оригано
– 1 лажиче сув рузмарин
– 1 лажиче мајчина душичка
– 1 лажиче сол
– 1/2 лажиче мелен црн пипер
– 10 лажици маслиново масло
– 10 стапчиња за ражничи

Подготовка:
– Месото се сече на коцки со големина од околу 1,5-2 цм и се става во чинија. Се додаваат сите зачини, маслиновото масло и исцедениот сок од лимон. По желба може да се додаде лук или кромид. Месото се меша и се остава да одстои во маринадата околу 2-3 часа. Потоа, коцките месо се боцкатаат на стапчињата, по неколку парчиња, во зависност од големината, може да додадете и тиквици, по желба. Се печат на скара или грил тава со малку маслиново масло од двете страни. Топлото суфлаки послужете го со лепчиња и пржени компири.

Пријатен ручек!