Рецепти

Рецепт: Сос за меко и сочно месо на скара

Кој би можел да одолее на идеално приготвена сочна скара? Тајната за совршена скара сега веќе ви е достапна и вас. Благодарение на овој рецепт за сос, месото ќе биде меко и сочно.

Состојки:
– 2 шолји кечап
– 1 чаша вода
– 1/2 чаша јаболков оцет
– 5 лажици кафеав шеќер
– 5 лажици кристал шеќер
– 1/2 лажица свеж црн бибер
– 1/2 лажица кромид во прав
– 1/2 лажичка сенф
– 1 лажица сок од лимон
– 1 лажица ворчестер сос

Подготовка:
– Во сад со средна големина измешајте ги сите состојки. Смесата ставете ја на врела рингла, потоа намалете ја температурата да се растопи. Гответе на слаб оган со често мешање околу еден час. Потоа земете свежо месо од МИЧ Челопечко и уживајте во највкусното и сочно месо кое некогаш сте го пробале!

Пријатен ручек!