Рецепти
Рецепт: Тавче гравче со селски колбас
Гравот отсекогаш бил, и ќе биде значаен и неизоставен дел од македонската традиционална кујна. Некои го подготвуваат како чорба, но многумина обожаваат токму тавче гравче, кое во комбинација со нашите Челопечки селски колбаси, е совршенство. Рецептот е едноставен, но многу вкусен.
Состојки:
– 500 гр бел грав
– 4/5 Челпопечки селски колбаси
– лута пиперка
– лажица црвен пипер
– лажица маст или масло
– сол по вкус
– бибер во зрно
– 1 главица кромид
Подготовка:
– Ставете го гравот во тенџере и прелијте го со вода за да нарасне. Ставете го на шпорет, и кога ќе зоврие, варете 10 минути. Го оставате гравот да одстои уште 10 минути и потоа ја истурате таа вода и му додавате нова, водата да биде малку над гравот. Потоа додавате кромид исецкан на четвртини, зачини не додавате. Од кога гравот ќе зоврие, ја намалувате температурата и варете во полу-покриена тава, додека зрното не омекне. Исцадете го гравот, и оставете ја настрана водата. Тавата премачкајте ја со масло и истурете го гравот. Додадете лажица сол, лажица бибер и добро измешајте. Потоа додадете ја водата во која се вареше гравот. Повторно исмешајте убаво и ги додавате највкусните Челопечки селски колбаси! Печете во рерна на 250 степени додека не се загрее, а потоа намалете на 200. Внимавајте водата да не испари целосно, за да не биде суво подоцна.
Пријатен ручек!