Новости

Што е HACCP стандард

HACCP (од англиски: Hazard Analysis and Critical Control Point = Анализа на опасности и критични контролни точки) — систем со чија помош се врши идентификација, проценка и контрола на опасностите што се значајни за безбедноста на храната.

Опасност – Секој биолошки, хемиски или физички причинител во прехранбените производи и добиточна храна. Можат да бидат биолошки, хемиски или физички услови за прехранбени производи или добиточна храна способни да предизвикаат непожелни дејности по здравјето.
ККТ – Критична контролна точка: – Фаза т.е. точка или процес каде што може да се примени контрола која е неопхода за спречување, елиминирање и редукција до прифатливо ниво на опасност по безбедноста на храната.
HACCP план – Документ подготвен во согласност со принципите на HACCP што обезбедува контрола на ризиците што се значајни за безбедноста на храна во сегментот на кој се однесува.
Валидност на HACCP планот – Елемент на верификацијата фокусиран на собирање и оценување на научни и технички информации за да се одреди дали HACCP планот кога правилно се имплрментира ефективно ги контролира опасностите.
HACCP проверка – Систематско и независно иследување на применет HACCP план за да се одреди дали активностите и нивните резултати содејствуваат со планираните мерки.
HACCP систем – Резултат од имплементацијата на HACCP планот.

 
HACCP системот е научно заснован и систематичен приод кој ги дефинира специфичните опасности и мерките за нивна контрола со што го осигурува произвотството на безбедна храна. HACCP е алатка за проценка на опасностите и за воспоставување на контролни системи, што се фокусираат на спречување на овие опасности, а не на контрола и анализа на крајниот производ. Примената на HACCP системот трба да се прегледува и да се вршат неопходни промени во случај на модификација на производот, процесот или друга фаза од производството. Успешната апликација на HACCP системот бара целосна посветеност и вклучување на менаџментот на фирмата и мултидисциплинарен пристап. HACCP е компатабилен со останатите системи за утврдување на квалитет како оние од серијата на ISO 9000.
Пред да се воведе HACCP системот во било кој сектор од прехранбената индустрија, организацијата мора да ги има веќе имплементирано пред условните барања (програми) за добра производна пракса. Примената на HACCP системот се спроведува преку исполнување на следните задачи:

  • Формирање на HACCP тим
  • Опис на производот и процесот
  • Идентификација на намената и начинот на употреба на производот
  • Конструкција на дијаграм во текот на производството
  • Потврда на дијаграмот на тек на лице место
  • Список на сите можни опасности и утврдување контролни мерки (Принцип 1)
  • Одредување на ККТ (Принцип 2)
  • Воспоставување критични граници за секоја ККТ (Принцип 3)
  • Воспоставување на мониторинг систем за контрола на ККТ (Принцип 4)
  • Воспоставување корективни мерки за потенцијални отстапувања (Принцип 5)
  • Воспоставување процедури за верификација (Принцип 6)
  • Воспоставување евиденција и документација (Принцип 7