ФАРМА

СУВОГОРСКА

Фарма Сувогорска е основана во 1967 година. Низ континуиран процес на унапредување и модернизирање, фармата во изминатите 20 години е целосно реновирана и надградена со нови објекти согласно европски технолошки регулативи за заштита и благосостојба на фармските животни и одржување на висок здравствен статус спроведувајќи ги редовно мерките за  биосигурност на фармата.  

Главна дејност на фармата е производство на гоеници кои се карактеризираат со висок процент на квалитетно свинско месо наменето за снабдување на македонскиот пазар, како и производство на ремонтен подмладок за замена на сопствено стадо и снабдување на други признати одгледувачи. 

Фармата е со затворен циклус на производство со основно стадо од 950-1.000 маторици со висок генетски потенцијал и со постојан капацитет од 12.000 до 13.500 прасиња. Опфатен е целокупниот систем на производство од приплодни мајки, приплодни нерези, назимки, дојни прасиња, прасиња од 8-30 кг. и гоеници од 30-105 кг.

Основата за успешноста на фармата е редовниот увоз на високо квалитетни GGP назимки и нерези од реномирани репро центри од Англија и Норвешка со висок генетски потенцијал и со висок здравствен статус. Врвните резултати кои го оправдуваат нашето долгорочно постоење се засноваат на строгите селекциски критериуми при избор на назимки од сопствено производство со кои се врши ремонт и освежување на стадото. 

Производствениот капацитет на свињарската фарма изнесува од 22.000 до 24.000 гоеници од 95-105 кг. како и мали прасиња од 8 до 30 кг. со производствен капацитет од 1.500 до 2.500 годишно. Двете категории се нудат како свежо месо кај нашите ценети купувачи.

Политика за квалитет, животна средина и безбедност на храна

 

Во Јануари 2010 година призната сопствена ветеринарна служба во одгледувалиште само за свои потреби со сопствен ветеринарен доктор и лабараторија за вештачко осеменување. 

Bo Јанури 2014 година добиено решение за поседување на А интегрирана еколошка дозвола со комплетни реализирани решенија. 

Во Февруари 2018 донесено решение од Агеницја за храна и ветерина ослободени од контрола на трихинела како и одгледувалиште со високи стандарди и контролирани услови за одгледување на свињи. 

Галерија