ФАРМА

СУВОГОРСКА

Фарма СУВОГОРСКА  

-1967 – 

Фарма Сувогорска е основана во 1967 година и претставува модерна свињарска фарма со долгогодишна традиција и континуиран развој. Во изминатите две децении, фармата е целосно реновирана и модернизирана согласно европските технолошки и ветеринарно – здравствени стандарди, со посебен фокус на биосигурноста и благосостојбата на животните. 

Основна дејност на фармата е производство на гоеници со висок квалитет на свинско месо за домашниот пазар, како и производство на ремонтен подмладок за сопствено стадо. 

Фармата работи во затворен производствен циклус со основно стадо од 950 – 1 000 маторици со висок генетски потенцијал и годишен капацитет од 12 000 – 13 500 прасиња. Опфатен е целиот процес – од приплод, одгледување и раст, до финално гоење. 

Долгорочниот успех на фармата се темели на употреба на врвна GGP генетика од реномирани репродуктивни центри во Англија и Франција, која обезбедува висок здравствен статус и конзистентен квалитет на производство. 

Политика за квалитет, животна средина и безбедност на храна

 

Во Јануари 2010 година призната сопствена ветеринарна служба во одгледувалиште само за свои потреби со сопствен ветеринарен доктор и лабараторија за вештачко осеменување. 

Bo Јанури 2014 година добиено решение за поседување на А интегрирана еколошка дозвола со комплетни реализирани решенија. 

Во Февруари 2018 донесено решение од Агеницја за храна и ветерина ослободени од контрола на трихинела како и одгледувалиште со високи стандарди и контролирани услови за одгледување на свињи. 

Галерија