ФАРМА
Фарма Сувогорска е основана во 1967 година. Низ континуиран процес на унапредување и модернизирање, фармата во изминатите 20 години е целосно реновирана и надградена со нови објекти согласно европски технолошки регулативи за заштита и благосостојба на фармските животни и одржување на висок здравствен статус спроведувајќи ги редовно мерките за биосигурност на фармата.
Главна дејност на фармата е производство на гоеници кои се карактеризираат со висок процент на квалитетно свинско месо наменето за снабдување на македонскиот пазар, како и производство на ремонтен подмладок за замена на сопствено стадо и снабдување на други признати одгледувачи.
Фармата е со затворен циклус на производство со основно стадо од 950-1.000 маторици со висок генетски потенцијал и со постојан капацитет од 12.000 до 13.500 прасиња. Опфатен е целокупниот систем на производство од приплодни мајки, приплодни нерези, назимки, дојни прасиња, прасиња од 8-30 кг. и гоеници од 30-105 кг.
Основата за успешноста на фармата е редовниот увоз на високо квалитетни GGP назимки и нерези од реномирани репро центри од Англија и Норвешка со висок генетски потенцијал и со висок здравствен статус. Врвните резултати кои го оправдуваат нашето долгорочно постоење се засноваат на строгите селекциски критериуми при избор на назимки од сопствено производство со кои се врши ремонт и освежување на стадото.
Производствениот капацитет на свињарската фарма изнесува од 22.000 до 24.000 гоеници од 95-105 кг. како и мали прасиња од 8 до 30 кг. со производствен капацитет од 1.500 до 2.500 годишно. Двете категории се нудат како свежо месо кај нашите ценети купувачи.
Во Јануари 2010 година призната сопствена ветеринарна служба во одгледувалиште само за свои потреби со сопствен ветеринарен доктор и лабараторија за вештачко осеменување.
Bo Јанури 2014 година добиено решение за поседување на А интегрирана еколошка дозвола со комплетни реализирани решенија.
Во Февруари 2018 донесено решение од Агеницја за храна и ветерина ослободени од контрола на трихинела како и одгледувалиште со високи стандарди и контролирани услови за одгледување на свињи.