ФАБРИКА ЗА СТОЧНА ХРАНА

НУТРИЧЕЛ

Фабрика Нутричел  

-2007 – 

 

Фабрика за сточна храна Нутричел  е една од најзначајните инвестиции на нашата компанија. Располага со годишен производствен капацитет од 8 000  до 10 000 тони, како и капацитет за складирање на суровини до 6 000 тони. Производството е првенствено наменето за сопствените потреби на фармата, а во помал обем и за снабдување на надворешни купувачи. 

Во 2008 година во фабриката е целосно имплементиран HACCP системот за контрола на квалитет, со што се обезбедува безбедно и контролирано производство на сточна храна. 

Производствениот процес е целосно автоматизиран, а приемот и складирањето на суровините се вршат согласно строго дефинираните процедури.  Фабриката е опремена со магнетни системи за детекција на метални тела при приемот на суровина, за време на мелењето и при излезот на готовата храна пред транспорт. 

Пред складирање, суровините поминуваат низ селектори за отстранување на примеси и системи со усисни вентилатори за елиминација на прашина. Дополнително, фабриката располага со сопствена лабараториска и техничка опрема за контрола на квалитетот на зрното, со цел обезбедување безбедна и квалитетна сточна храна.

Галерија